КИНА ЌЕ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИНАТА НА СВИЊАТА СО ФИЛМ „ПРАСЕТО ПЕПА“

Пекинг, (АФП)

Кина ќе ја одбележи Годината на свињата со филм „Прасето Пепа“, и покрај лошите реакции на популарниот британски анимиран филм, кој минатата година беше и забранет во државата.

На владиниот список филмови кои ќе излезат годинава е наведен и филм со име „Прасето Пепа слави Кинеска нова година“. Тој ќе излезе во февруари, за време на прославите на Лунарната нова година.

Весникот „Чајна дејли“ објави дека во филмот има традиционални обичаи за Кинеската нова година, како што се парадата со змејови и огномети. Филмот е направен во соработка со „Алибаба пикчрс“ и канадската медиумска компанија „Ентертејмнент уан“, која продуцира серии за Би-Би-Си.

Во филмот е вклучена истата екипа од „Прасето Пепа“ и има два нови лика, именувани како Џијаози и Танг Јуан, што се популарни предмети за Кинеската нова година.