Познатата актерка од холивудските комедии, Кристен Виг, ќе игра негативка во продолжението на „Чудесна Жена“.

Режисерката Пети Џенкинс на Твитер објави дека Виг ќе ја глуми ривалката на Чудесната Жена, Чита.

„Едвај чекам да почнам да работам со една од моите омилени актерки. Многу сум возбудена од она што го планираме“, изјави Џенкинс.

Ѕвездата од првиот дел, израелската актерка Гал Гадот, го поздрави вклучувањето на Виг вo екипата и додаде: „Ова ќе биде прекрасно искуство“.

Џенкинс стана најплатена режисерка во историјата, кога потпиша да го снима продолжението на блокбастерот од 2017 година. „Чудесна Жена“ излезе во кината во јуни и стана еден од најуспешните филмови за суперхерои на сите времиња, заработувајќи 821 милион долари.

Вториот дел се највува за ноември 2019 година.