Холивудските студија продолжуваат да одложуваат премиери поради пандемијата на коронавирусот, што сега ги погоди и продолженијата на „Доктор Стрејнџ“, „Спајдермен“ и „Во универзумот на пајакот“ (Into the Spider-Verse).

Премиерата на „Доктор Стрејнџ 2“ со Бенедикт Камбербач е поместена од ноември 2021 во март 2022.

„Сони“ објави дека новиот „Спајдермен“, трет со Том Холанд во насловната улога, е одложен од јули 2021 за ноември 2021. Продолжението на „Во универзумот на пајакот“, кој доби Оскар за најдобар анимиран филм во 2019, е закажано за октомври 2022, наместо првичниот план да излезе во април таа година.

Покрај сите одложувања, има и наслови кои се преместени за една недела порано, како „Тор“ со Натали Портман во насловната улога, кој ќе излезе на 11 февруари 2022.