„Кралот лав“ стана четврти филм на „Дизни“ оваа година кој заработил една милијарда долари на светските киноблагајни. Фотореалистичниот римејк на класиката од 1994 година ја достигна оваа граница за само три недели.
Филмот во кој гласови позајмуваат ѕвезди како Доналд Гловер и Бијонсе на тој начин им се придружи на „Одмаздници: завршница“, „Капетенка Марвел“ и „Аладин“. Тој исто така засега е петти најголем филм на годината.
Во Северна Америка, „Кралот лав“ заработи 361 милион долари, а во остатокот од светот 638 милиони и овие суми несомнено ќе продолжат да растат.