Крис Хемсворт, кој се прослави како Тор, ќе го глуми Халк Хоган во нов биографски филм. Според „Холивуд рипортер“, сѐ уште неименуваниот филм ќе го прави Тод Филипс, режисерот на трилогијата „Мамурлак“ и на новиот „Џокер“.
Хемсворт, кој ќе ја репризира улогата на Тор во последниот дел на „Одмаздници“, ќе го игра легендарниот кечер во раната фаза од неговата кариера. Сценариото ќе го пишува Скот Силвер, кој беше номиниран за Оскар за „Борач“, а правата за филмот ги доби „Нетфликс“. Самиот Хоган, кој ќе биде советник и извршен продуцент, своевремено изрази желба токму Хемсворт да го портретира на филм.
„Ни треба многу сериозен актер кој знае што прави. Знаете кој јас мислам дека би бил добар? Типот што го играше Тор“, изјави Хоган во 2013 година.