КРИС ПАЈН И МАРK РАФАЛО ЌЕ ИГРААТ НОВИНАРИ ВО ФИЛМ ЗА УБИСТВОТО НА КЕНЕДИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Крис Пајн ќе го игра легендарниот водител на Си-Би-Ес Волтер Кронкајт во филмот „Вести“ (Newsflash) за убиството на Џон Кенеди. Кронкајт е водителот кој на 22 ноември 1963 соопшти дека претседателот Кенеди е убиен.

„Дедлајн“ пренесува дека во филмот ќе игра и Марк Рафало, како продуцентот на Си-Би-Ес кој соработувал со Кронкајт дента на емитувањето на вестите и кој е запаметен како еден од креаторите на „60 минути“.

Првично беше најавено дека Сет Роген ќе го глуми новинарот, а исто така се смени и планот за режисерот, откако Дејвид Гордон Грин го напушти проектот поради двете најавени продложенија на „Ноќ на вештерките“.