Кристијан Бејл е чудовиштето Франкенштајн во новиот филм на Меги Џиленхол, насловен „Невестата“ (The Bride).
Режисерката на Инстаграм објави фотографии од подготовките за снимањето на филмот. Невестата ја глуми Џеси Бакли, која беше номинирана за Оскар за „Изгубената ќерка“, режисерското деби на Џиленхол.
Покрај Бејл и Бакли, играат и Пенелопе Круз, Питер Сарсгард и Анет Бенинг. Дејството е сместено во Чикаго од 1930-тите.
Филмот ќе игра во светските киносали од 2 октомври 2025.