ФИЛМСКИТЕ КРИТИЧАРИ СЕ СОГЛАСУВААТ ДЕКА БРЕД ПИТ ЦЕЛОСНО СЕ ВРАТИ ВО ФОРМА ОВА ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По „Беше еднаш во… Холивуд“, критичарите се согласуваат дека Бред Пит има уште еден голем хит ова лето, кој од денеска игра и во кината Синеплекс и Милениум.

Научната-фантастика „Ад Астра“ го праќа Рој Мекбрајд (Пит) на мисија длабоко во вселената, во потрага по неговиот одамна исчезнат татко (Томи Ли Џонс), кој 30 години подоцна станува голема закана по целиот универзум.

„Во центарот на филмот е Пит, кој е феноменален во две едноподруго херојски улоги, кои во исто време се мистериозно комплексни“, пишува критичарот на „Ју-Ес-Еј тудеј“, Брајан Труит.

И други медиуми истакнуваат дека глумата на Пит е таа која го носи целиот филм, додавајќи дека тој целосно се врати во форма ова лето, што би можело да се види и во претстојната сезона на награди.