Памела Андерсон ќе глуми со Лијам Нисон во римејкот на „Гол пиштол“, популарните комедии од крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите. Режисер ќе биде Акива Шафер.
Оригиналниот филм се базираше врз серијата „Полициски одред“, што траеше само шест епизоди во 1982 и го следеше неспособниот детектив Френк Дребин (Лесли Нилсен), кој на крајот сепак успева да ги фати криминалците и да го спаси денот. Во улогата на Дребин ќе биде Лијам Нисон, додека Памела Андерсон ќе ја замени Присила Присли.
Засега не е познато дејството на филмот, што „Парамаунт“ планира да го објави во јули 2025.