„М“ НА ТОЗИЈА И „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТНА АРЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ПУЛА

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Филмовите „М“ на режисерот Вардан Тозија и „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски се во официјалната конкуренција за наградите Златна арена на годинешното 71. издание на Пулскиот филмски фестивал.

Фестивалот се одржува од 11 до 18 јули. Проекцијата на „М“ е на 14 јули, а на „Домаќинство“ на 15 јули. Двата филма се во селекцијата на малцински копродукции.

Филмскиот фестивал во Пула, под мотото „Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан во 1954, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 1990-тите.

Фото: Сцена од „М“