„М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОСВОИ ДВЕ НАГРАДИ ВО МЕКСИКО, СЛЕДУВААТ ПРЕМИЕРИТЕ ВО БРИТАНИЈА И КОСОВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

М“ на режисерот Вардан Тозија освои две награди на интернационалниот филмски фестивал Макабро, кој се одржува во Мексико. Тозија ја понесе статуетката за најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ја доби наградата на публиката.

Макабро е најстариот жанровски фестивал во Мексико и втор најстар фестивал од овој тип во Латинска Америка.

М“ ја продолжува својата фестивалска турнеја со британската и косовската премиера, во официјалните селекции на Гримфест во Манчестер и Прифест во Приштина.