Постарата ќерка на Мишел и Барак Обама, Малија го претстави својот деби краток филм „Срцето“ (The Heart) на Филмскиот фестивал Санденс во САД. Таа е сценаристка и режисерка на филмот.
Во најавата на Институтот Санденс, 25-годишната Обама го претставува филмот како „мала чудна приказна, донекаде басна, за еден човек кој тажи по смртта на мајка му и добива ‘необично‘ барање од неа во тестаментот“.
„Филмот е за изгубени предмети и осамени луѓе, за простување и каење, но исто така се труди да открие каде може да има нежност и блискост во овие работи. Се надеваме дека филмот ќе ве натера да се чувствувате помалку осамено или барем да ве потсети да не заборавите на луѓето околу вас“, вели Обама.
(Фото: Гети)