МЕЛ ГИБСОН ЌЕ ГО РЕЖИРА РИМЕЈКОТ НА „ДИВА БАНДА“, РЕМЕК-ДЕЛОТО НА СЕМ ПЕКИНПО

Лос Анџелес, (АП)

Мел Гибсон ќе ја режира новата верзија на „Дива банда“, култниот и контроверзен вестерн на Сем Пекинпо од 1969 година, кој кога излезе се сметаше за исклучително насилен.

„Ворнер брос“ потврди дека Гибсон во исто време ќе ја води продукцијата и ќе го напише сценариото заедно со Брајан Бегби.

„Дива банда“ е едно од последните ремек-дела на класичниот вестерн жанр, во кој група остарени одметници планира последен грабеж на американско-мексиканската граница, додека традиционалниот Див Запад изумира околу нив. Во ѕвездената актерска постава се Вилијам Холден, Ернест Борџнин, Бен Џонсон, Ворен Оутс и Роберт Рајан.

Засега не е познато кога ќе почне продукцијата на филмот, а Гибсон претходно ќе се појави во драма сместена во Втората светска војна.