МЕТ ДЕЈМОН ОТКРИ ДЕКА ОДБИЛ УЛОГА ОД 250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Колајдер)

Мет Дејмон откри дека денес ќе беше еден од најбогатите актери на сите времиња доколку прифатеше една улога.

Во интервјуто за магазинот „Џи-Кју“ по повод промоцијата на неговиот нов филм „Форд против Ферари“, Дејмон кажа дека пропуштил шанса да заработи 250 милиони долари со тоа што ја одбил понудата на Џејмс Камерон да глуми во „Аватар“ во 2009 година.

„Камерон ми кажа дека не му треба познато актерско име и дека јас воопшто не сум му потребен на филмот, но доколку прифатам, ќе добијам десет проценти од заработката“, изјави Дејмон.

Филмот заработи 2,79 милијарди долари и сѐ до неодамна беше прв на вечната листа, кога беше поминат од четвртиот дел на „Одмаздници“.

Дејмон кажа дека морал да го одбие Камерон зашто претходно му дал збор на режисерот Пол Гринграс дека ќе го снима „Борновиот ултиматум“.

„Сум одбил повеќе пари од кој било актер во историјата. Денес повеќе жалам за тоа што не сум работел со Камерон, но не сакав да му направам проблеми на Гринграс“, додаде Дејмон.