НЕДЕЛА НА ПОЛСКИОТ ФИЛМ ОД 12 ДО 17 МАЈ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 12 мај, во Кинотеката на Македонија се отвора Неделата на полскиот филм.

„За љубителите на киното и полската култура одлучивме тој ден да биде прикажан документарниот филм ‘Соларис љубов моја’, со специјално учество на кокреаторката на филмот Лаура Павела“, велат од полската амбасада во Скопје.

На програмата ќе бидат и „Слепа шанса“ на Кшиштоф Кјешловски и три филма на Агњешка Холанд, „Осамена жена“, „Провинциски актери“ и „Зелена граница“, а на затворањето на 17 мај ќе се прикаже „Ќерките на танцот“ на Агњешка Смочињска. Сите проекции се од 20 часот.

Настанот е организиран во соработка со Институтот „Адам Мицкиевич“ од Полска.