Поминаа 20 години откако „Титаник“ и двајцата ги вивна меѓу најголемите филмски ѕвезди.
Иако хемијата помеѓу нив беше неверојатна, Кејт Винслет тврди дека романсата со Леонардо Дикаприо била само помеѓу филмските ликови Роуз и Џек.
„За нас двајцата, тоа беа седум месеци интензивна работа. Двајцата бевме многу млади. За среќа, никогаш не се вљубивме еден во друг“, изјави британската актерка во интервјуто во шоуто „Лорејн“.
И покрај тоа што оттогаш не снимаа заедно, двајцата остана многу блиски и редовно јавно си даваа поддршка еден на друг.
„Извинете, знам дека нема да бидам интересна, но никогаш ништо не се случи помеѓу нас. Затоа и останавме толку блиски сите овие години, што го сметам за неверојатно“, вели Винслет.
„Титаник“ е еден од најуспешните филмови на сите времиња и освои 11 оскари.