НОВИОТ „БЕТМЕН“ ПОЧНА ДА СЕ СНИМА ВО ГЛАЗГОВ

Глазгов, (Скај)

Новиот филм за Бетмен почна да се снима во шкотскиот град Глазгов. Роберт Патинсон ја наследи улогата на Темниот витез од Бен Афлек, но медиумите сѐ уште не го забележале на сет. Според фотографиите, неговиот дублер е забележан на мотоцикл кај гробиштата во близина на катедралата во Глазгов.

Локацијата ги навестува новите акции на суперхеројот, со оглед на тоа што болницата во близина може да биде искористена како Аркам, фиктивната психијатриска болница-затвор каде што се сместени противниците на Бетмен, како Џокер.

Мет Ривс е режисер на филмот (Фото: ПА)

Зое Кравиц ќе биде Кетвуман, а играат и Колин Фарел, Пол Дано и Енди Серкис. Режисер е Мет Ривс. Премиерата на „The Batman“ е закажана за 25 јуни 2021.