Новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде најдолг во историјата на оваа популарна франшиза.
„Не е време за умирање“, 25. филм по ред, ќе трае 163 минути, откри ланецот на киносали „Регал“, со што ќе го надмине досегашниот рекордер „Спектра“ (2015), кој траеше 148 минути.
Даниел Крег го играше тајниот агент 007 и во најкраткиот филм на франшизата, „Трошка надеж“ од 2008 година, кој траеше само 106 минути.
Крег за последен пат ќе биде Џејмс Бонд во „Не е време за умирање“, во кој главен негативец ќе биде оскаровецот Рами Малек. Светската премиера ќе биде во Велика Британија на 31 март, а во САД ќе игра од 10 април.