Филмските куќи „СтудиоКанал“ и „Монјументал“ го објавија првиот трејлер за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус, „Back To Black“, во режија на Сем Тејлор-Џонсон.
Филмот ќе го следи Вајнхаус низ нејзините динамични рани години во Лондон и интензивното патување до славата. Покојната пејачка ја глуми 27-годишната англиска актерка Мариса Абела, која зад себе нема голема колекција улоги, но се појави во „Барби“.
Џек О‘Конел го игра бившиот сопруг на Вајнхаус, Блејк Филдер-Сивил, Еди Марсан е татко ѝ Мич, а во улогата на баба ѝ е Лесли Менвил. Филмот е снимен со одобрение на семејството на Вајнхаус, а Абела самата ги пее нејзините хитови.