ОСКАРОВЕЦОТ „СÈ СЕКАДЕ ОДЕДНАШ“ СТАНА НАЈНАГРАДУВАНИОТ ФИЛМ ВО ИСТОРИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште пред да триумфира на Оскарите вчера „Сè секаде одеднаш“ стана најнаградуваниот филм во историјата. Необичната научно-фантастична комедија освои седум оскари од 11 номинации, меѓу кои и за најдобар филм и во три актерски категории, со што стигна до бројот од 165 награди од големи доделувања и организации, според истражувањето на сајтот „ИГН“.

Досегашниот рекордер бил „Господар на прстените: Враќањето на кралот“ со 101 награда. „ИГН“ притоа ги зел предвид изборите на кои што двата филма биле во конкуренција. Во тој поглед, „Сè секаде одеднаш“ води во однос на филмот на Питер Џексон и во номинации: 295 наспроти 198.

„Сè секаде одеднаш“, вториот филм на тандемот Даниел Кван-Даниел Шајнерт, триумфираше на 95. Оскари иако имаше светска премиера уште во март минатата година.

(Фото: Гети)