ОВА Е И ТРАГИЧНА И ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗНА, КАЖА БЛЕЈК ЛАЈВЛИ ЗА СВОЈОТ НОВ ФИЛМ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Лондон, (Би-Би-Си)

Актерката Блејк Лајвли рече на лондонската премиера на романтичната драма „Завршува со нас“ (It Ends With Us) дека филмот работен според бестселерот на Колин Хувер е „голема одговорност, но и можност“. Таа кажа дека чувствува одговорност кон луѓето на кои толку многу им значи изворниот материјал.

„Имаме приказна која е емотивна и забавна, но исто така смешна, болна, страшна, трагична и инспиративна и тоа е животот“, вели 36-годишната актерка, која е мажена за колегата Рајан Рејнолдс.

Но, филмот наиде на некои лоши критики. Во рецензијата со две ѕвезди, „Телеграф“ го нарече „немирна драма која го романтизира семејното насилство“.

Лајвли ја игра Лили Блум, цвеќарка од Бостон која се вљубува во згодниот неврохирург Рајл Кинкејд, кого го игра Џастин Балдони, кој и го режираше филмот. Како што нивната врска станува посериозна, Рајл почнува да покажува особини кои потсетуваат на злоставувачкото однесување на таткото на Лили, враќајќи ја нејзината детска траума и принудувајќи ја да донесе тешки одлуки за својата иднина.

(Фото: Гети)