Дваесет и пет години по премиерата на „Евтини приказни“ во Кан, Квентин Тарантино се врати на престижниот филмски фестивал не со голема одмазда или бесен гнев, туку со нежна бајка за 1960-те години во Лос Анџелес.
„Беше еднаш во Холивуд“ вчера ја имаше својата долгоочекувана премиера во Кан, давајќи му го на фестивалот најконцентрираниот состав на славни личности и еуфорија. Двете ѕвезди на филмот, Бред Пит и Леонардо ДиКаприо, донесоа стар холивудски гламур на црвениот килим, кадешто редици обожаватели ја преполнија Кроазета.

Голем дел од сценариото на „Беше еднаш во Холивуд“ внимателно се држеше во тајност сè до премиерата. Познато е дека ДиКаприо глуми актер во вестерн филмови, нервозен што неговата слава опаѓа, а Пит го игра неговиот дублер, пријател и возач. Иако сместен во позадината на убиствата на кланот на Менсон, целта на Тарантино е да го долови сјајот на Холивуд од минатото.
Филмот во САД ќе игра од 26 јули, а во Скопје доаѓа на 8 август.