Педро Алмодовар стекна светска слава со сите 21 филм кои ги сними во родната земја Шпанија.

Сега реши да го сними својот прв филм во Северна Америка. Алмодовар вели дека филмот ќе се снима во Тексас и ќе биде главно на англиски јазик, додека некои двојазични сцени ќе се снимаат во Мексико.

Режисерот објави дека работи на првата верзија на сценариото и дека сѐ уште нема наслов.

„Сценариото се базира на пет приказни од американска писателка и се случува дел во Тексас, дел во Мексико. Ова ќе биде првпат да излезам од Шпанија“, изјави Алмодовар за АП.

Неговиот последен филм „Болка и слава“ од петокот игра во американските кина.