СКУЛПТОР ИМ ДАВА ИДЕНТИТЕТ НА ИСЕЧЕНИТЕ ДРВЈА ВО РИМ

Рим, (Гардијан)

Младиот скулптор Андреа Гандини одлучи да им даде идентитет на многуте исечени дрвја низ Рим.

Тој трансформира трупци резбајќи човечки глави и во последните четири години има создадено 65 дела во рамките на својот проект „Мртви трупци“, за кој редовно известува на Инстаграм. Дваесет и двегодишниот Гандини верува дека на овој начин помага луѓето да развијат сочувство и почит кон исечените дрвја.

(Фото: Инстаграм)

„Дрвото треба да се почитува како индивидуа. Се трудам за секое дрво да пронајдам соодветно лице“, вели Гандини.

Негрижата на градот довела до тоа да има многу изумрени дрвја на улиците.

(Фото: Инстаграм)

„Имаше голем период од пет-десет години кога за дрвјата не се водеше соодветна грижа. Затоа имаше многу заболени дрвја кои мораа да се исечат, па сега градот има толку многу трупци“, вели Гандини.

Тој на својата интернет страница има направено мапа со локации на скулптурите.