Премиерата на филмот на „Дизни“, „Мулан“ неколку пати беше одложена поради пандемијата на ковид-19, но студиото најави дека публиката наскоро ќе го види, но не во киносалите.
„Дизни“ објави дека римејкот на анимираниот филм од 1998 ќе се прикаже на „Дизни +“, нов стриминг сервис на студиото, и за него ќе се плаќа 29.99 долари. Филмот ќе биде достапен од 4 септемрви.
„Пандемијата нѐ принуди да размислуваме за ‘поинакви пристапи’ со цел да и излеземе во пресрет на публиката“, изјави директорот на „Дизни“, Боб Чејпик, додавајќи дека ќе игра во кината кога ќе се отворат.