„ПОДЛИОТ ЈАС 4“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА 3 ЈУЛИ, ВИЛ ФЕРЕЛ И СОФИЈА ВЕРГАРА СЕ НОВИТЕ НЕГАТИВЦИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Гру и Миниони се враќаат откако „Јуниверзал“ го објави трејлерот за четвртиот дел на популарниот анимиран серијал „Подлиот јас“ (Despicable Me). Филмот доаѓа во кината на 3 јули.

Стив Карел повторно го позајмува гласот на Гру, а во своите улоги се враќаат и Кристен Виг (Луси) и Стив Куган (Сајлас), додека како нови негативци се појавуваат Вил Ферел и Софија Вергара. Во четвртиот дел Гру и Луси го прошируваат семејството со синот Гру Џуниор.

Третиот дел постигна голем успех на киноблагајните во 2017, кога „Подлиот јас“ го надмина „Шрек“ како анимирана франшиза со најголема заработка во историјата.