МАРИ-ЛУИЗ ЕТА СТАНА ПРВАТА ЖЕНА КОЈА БИЛА ТРЕНЕР НА НАТПРЕВАР ОД БУНДЕСЛИГАТА

Берлин, (Скај)

Унион Берлин вчера го совлада Дармштат со 1:0 со жена како прв тренер. Мари-Луиз Ета испиша историја на овој натпревар, станувајќи прва жена која водела машка екиша во германската Бундеслига.

Ета се најде во оваа улога откако шефот на стручниот штаб Ненад Бјелица доби суспензија од три меча за инцидентот на мечот со Баерн, кога го турна Лерој Сане.

Триесет и двегодишната Ета имаше успешна играчка кариера во Турбине Потсдам, со која освои три титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите, а се пензионираше во 2018. Како тренер има работено во младински екипи, а во ноември стана дел од стручниот штаб на Унион.

Унион оваа сезона се бори за опстанок, додека истовремено играше во Лигата на шампионите.

(Фото: Гети)