Вториот дел на „Бетмен“ со Роберт Патинсон во главната улога ќе излезе со задоцнување од цела година. Филмот на „Ворнер брос“ премиерно ќе се прикаже на 2 октомври 2026.
Во продолжението, Мет Ривс се враќа како режисер и сценарист, а покрај Патинсон, пак ќе глумат и Зои Кравиц, Пол Дејно и Енди Серкис. Се очекува поголема улога да има Бери Кјоуген, ѕвездата на „Солтбурн“, кој се појави на крајот на претходниот „Бетмен“ како затвореник во Аркхам,
Според „Холивуд рипортер“, одложувањето е резултат на ланскиот штрајк во Холивуд.
(Фото: Ворнер брос)