ПРОЕКЦИЈА НА ГРЧКИОТ ФИЛМ „МАЛА АНГЛИЈА“ НА 6 НОЕМВРИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Амбасадата на Грција во Македонија започнува серија проекции на грчки филмови во Кинотеката со наслов „Ајде да се запознаеме“.

Утре (6 ноември) од 19 часот ќе биде прикажан наградуваниот филм „Мала Англија“ на Пантелис Вулгарис, кој заедно со Теодорос Ангелопулос беше главен претставник на новата грчка кинематографија, која стана светски позната во 1970-тите.

„Мала Англија“ е романтична драма за едно семејство во периодот меѓу 1930-тите и 1950-тите. Дејството се одвива на островот Андрос наречен Мала Англија поради финансиската моќ на неговите жители. Филмот доби шест награди од Грчката филмска академија. Влезот е бесплатен.