Шарлиз Терон е една од најубавите и најгламурозни холивудски актерки, но тоа ѝ не беше пречка да набие повеќе од 20 килограми за улогата во нејзиниот последен филм „Тули“, направен според сценариото на оскаровката Дијабло Коди.
Сепак, 42-годишната јужноафриканска актерка признава дека тоа не било пријатно искуство.
Во оваа комична драма, Терон игра мајка од работничка класа, која има проблеми по раѓањето на своето трето дете, па добива помош од дадилката Тули (Мекензи Дејвис).
„Беше забавно во првите три недели, а потоа веќе не беше“, вели Терон за тоа како се подложила на екстремен режим за да се здебели 22 килограми.
Оскаровката не само што се мачела со својата најнова физичка трансформација, туку тоа ѝ оставило траги и врз психата.
„Јадејќи на тој начин, за првпат во животот ме фати депресија. Никогаш не сум искусила такво нешто“, вели Терон и додаде како успеала да ја добие потребната тежина.
„Пиев многу шеќер и јадев многу процесуирана храна. Моето тело едноставно откажа среде тој процес“.