Петнаесет години откако првпат ја играше Ел Вудс во хит-филмот „Русокоса од Харвард“, холивудската актерка Рис Витерспун ѝ се враќа на улогата со која стекна голема слава.
Според „Холивуд рипортер“, актерката е во преговори по третпат да се појави во улогата на адвокатката Ел, по филмот од 2001 година и продолжението од 2003 година, кое заврши со нејзино појавување во Белата куќа.
Сѐ уште нема детали за заплетот на „Русокоса од Харвард 3“ и што ѝ се случило на Ел во последните 15 години. Витерспун ќе го копродуцира филмот преку нејзината продукциска куќа „Хело саншајн“, чиј главен фокус се жените и нивното заслужено место во светот.