Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска се вклучени во официјалната селекција на филмскиот фестивал Холишортс (HollyShorts) во Холивуд. Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот Кинески театар од 11 до 20 август.
По освојувањето на Златен чадор за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” ќе ја има својата американска премиера. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефкова-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска и Емилија Мицевска-Трајковиќ, а сценариото е на Румена Бужаровска.
„Северен пол” по премиерата во Кан учествуваше на повеќе од 80 фестивали и освои неколку награди. Во филмот играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.