Камерон Дијаз вели дека си го „нашла мирот во душата“ откако пред две години се откажа од холивудската актерска кариера. Дијаз е најпозната по улогите во „Чарлиевите ангели“, „Шрек“, „Има нешто во врска со Мери“, но нејзиното последно појавување во филм во 20-годишната кариера беше во адаптацијата на „Ени“ од 2014.

„Мирна ми е душата бидејќи конечно почнав да се грижам за себеси“, рече Дијаз во подкастот за здравје на колешката Гвинет Полтроу.

„Чудно е да се изговори ова, знам дека и многумина нема да разберат, но знам дека јас разбирам. Навистина е напорно да се работи на тоа ниво. Во еден момент застанав и си го погледнав животот. Кога снимате филм, тие ве поседуваат. На сет сте по 12 часа на ден, со месеци и немате време за ништо друго“, рече 47-годишната актерка.  Во 2015 се омажи за музичарот Бенџи Маден, а лани во декември ја добија ќерката Редикс.