„Болка и слава“, 21. филм на оскаровецот Педро Алмодовар, ќе се прикаже вечерва во кино Милениум (20 часот) во рамките на 18. фестивал на европски филм Синедејс и оттаму се пофалија дека сите карти се продадени.
Овој филм имаше премиера на годинашниот Кански фестивал, при што Антонио Бандерас, кој игра филмски режисер чија кариера е во пад, беше прогласен за најдобар актер. „Болка и слава“ во саботата доби номинација за најдобар филм на Европските филмски награди и е шпански кандидат за Оскар за најдобар странски филм.
Втора шанса да се погледне филмот е утре, од 17.30 часот во кино Милениум.