„СНЕЖАНА“ ЗАРАБОТИ 16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ПРВИОТ ВИКЕНД ОД ПРИКАЖУВАЊЕТО

САД, (Варајети)

Филмот „Снежана“ на „Дизни“ заработи 16 милиони долари од 21 март до 23 март. Во филмот играат Рејчел Зеглер во улогата на Снежана и Гал Гадот како лошата маќеа.

Се очекува заработката од проекциите да стаса до 45 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето.

За филмот се потрошени 250 милиони долари. Европската премиера беше на 12 март во Шпанија, во замокот Алказар во Сеговија.

„Дизни“ претходно најави дека ќе ги замени џуџињата со „магични суштества“ за да се избегне зајакнувањето на стереотипите, а џуџињата се прикажани преку видео анимации.

Во филмот исто така го нема принцот, туку се фокусира на „посилната“ Снежана која сака да биде лидер.

Зеглер, која има латино потекло, што е уште едно отстапување од оригиналот, ги отфрли критиките дека филмот се обидува да биде политички коректен, сметајќи дека на приказната ѝ треба освежување.

Филмот досега се соочи со различни критики, а дел од нив, поради промената на оригиналната приказна беа негативни.