„СНЕЖНОТО КРАЛСТВО 2“ ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шест години по големиот успех на првиот дел, продолжението на анимираниот филм на „Дизни“, „Снежното кралство“, од денеска игра во скопското кино Синеплекс.

„Снежното кралство“ заработи 1,276 милијарди долари на светско ниво и освои два оскара, станувајќи анимиран филм со најголема заработка, статус што од летоска го држи „Кралот лав“.

„Ана, Елса, Кристоф и Олаф одат далеку во шумата за да ја дознаат вистината за древната мистерија на нивното царство“, се вели во најавата на новиот филм.

Гласовите ги позајмија Кристен Бел, Идина Мензел, Еван Рејчел Вуд и Џонатан Гроф.