Со документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ утре во 12 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје почнува 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) чија главна програма ќе оди од 1-9 јуни . Документарецот е приказна за незавршената биографија на Макс Ауб, посветена не само на филмскиот режисер Луис Буњуел, туку и на целата Генерација ‘27 со златната тројка Буњуел -поетот Федерико Гарсија Лорка – сликарот Салвадор Дали како стожер на шпанската култура од 20. век.

Во 1967, издавачката куќа „Агилар“ побара од Ауб да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил, Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972, на бирото остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надминуватипичната биографија и ја одразува синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години.

Со овој филм почнува и ретроспективата на Буњуел која во рамките на Фестивалот ќе оди од 19-27 мај, во Кинотеката, со 7 негови најпознати филмови кои ќе бидат проселдени со дискусии.