ВО „КАФЕ И ФИЛМ КОТУР“ ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВААТ ФИЛМОВИ НА СТОЛЕ ПОПОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Кафе и филм Котур“ во Скопје ја посвети својата четврта филмска азбука на Столе Попов, чии филмови ќе се прикажуваат во овој мултимедијален простор од денеска до 26 април.

Филмовите ќе се гледаат хронолошки, па денеска, почнувајќи од 19:30 часот, на програмата се неговите најрани дела, документарците „Оган“, „Дае“ и „Австралија, Австралија“. „Дае“ беше номиниран за Оскар за најдобар краток документарен филм во 1980.

Утре (19:30 часот) ќе се прикаже „Црвениот коњ“, па следуваат „Среќна нова ‘49“ (петок), „Тетовирање“ (24 април), „Џипси меџик“ (25 април) и „До балчак“ (26 април).