Кога Ким Катрал објави дека нема да се појави во третиот филм „Сексот и градот“, истакнувајќи оти нејзиниот однос со колешките е „отровен“, изгледаше дека веќе нема шанси тој некогаш да биде снимен.

Но, 61-годишната актерка, која ја играше Саманта Џонс, предложи две глумици кои би можеле да ја одиграат таа улога. Таа ги поддржа Тифани Хадиш од „Девојки на пат” и Софија Вергара од „Модерно семејство“.

„Тие две се од многуте фантастични актерки кои ќе го извадат најдоброто од Саманта Џонс“, објави Катрал на Твитер.

Ким Катрал ја играше улогата на Саманта во шест сезони на серијата и во две филмски продолженија.

Таа негираше дека нејзината одлука да го одбие третиот филм се должи на хонорарите или на нејзините специфични барања. Нејзините најнови коментари дојдоа откако Сара Џесика Паркер, која ја играше Кери, посочи дека би можел да се сними уште еден филм, но без Катрал.

„Никогаш не се знае“, изјави таа во шоуто на Елен де Џенерис. „Можеби, ќе најдеме начин”.