СТАЛОНЕ ВЛЕГУВА ВО СВЕТОТ НА СУПЕРХЕРОИТЕ ПРЕКУ „ОДРЕДОТ НА ОТПИШАНИТЕ 2“

Лос Анџелес, (НМЕ)

Силвестер Сталоне влегува во светот на суперхероите и ќе глуми во вториот дел на „Одредот на отпишаните“, според Инстаграм објавата на режисерот и сценарист Џејмс Ган.

Во продолжението на филмот од 2016 се враќаат Марго Роби, Џеј Кортни и Вајола Дејвис, но ќе има и нови имиња, како Нејтан Филион, Идрис Елба и Џон Сина.

Сталоне преку видео на Инстаграм потврди дека ќе глуми во филмот, објавувајќи дека оди на филмски сет, но засега не е познато кој лик ќе биде. Премиерата се најавува за 6 август 2021. Ган претходно работеше на серијалот „Чувари на галаксијата“, но беше отпуштен, па повторно ангажиран да го режира и третиот дел.