СВЕТСКА ТВ-ПРЕМИЕРА НА „ВРБА“ ВЕЧЕРВА НА МРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Врба“, последниот, шести филм на Милчо Манчевски, вечерва ќе ја има својата светска телевизиска премиера. Тој ќе биде прикажан на МРТ1 во 22 часот, во рамките на циклусот #Седидома со Милчо.

Со ‘Врба’ се заокружува циклусот #Седидома со Милчо, во рамките на кој во изминатиов период на јавниот сервис се емитуваа филмови од целокупниот опус на Манчевски, со цел да се помогне акцијата на Владата во времето на вонредната состојба поради коронавирусот“, објави продукцијата.

Врба“, најгледаниот филм во Македонија, беше на светска фестивалска турнеја и требаше да има премиера во САД, кога сите активности беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.