„ТЕНЕТ“ НА НОЛАН Е ПРВ ФИЛМ КОЈ ИМАШЕ ПРЕМИЕРА ВО ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

Лондон, (АФП)

Новиот филм на Кристофер Нолан, „Тенет“, по неколкумесечни одложувања вчера имаше премиера во Лондон, прва откако почна пандемијата на ковид-19. „Тенет“ ќе игра во над 70 земји во Европа, Австралија, Канада, Јужна Кореја, а во САД е планиран од 3 септември.

Менаџерката на киното „Одеон лукс“, Теса Стрит, изјави дека 61 гледач резервирале билет за првата проекција и дека има позитивен одглас за продажба на билети низ земјата во наредните денови.

„Секогаш се радуваме на филмовите на Нолан, бидејќи се фантастични“, изјави таа, додавајќи дека е совршен филм кој ќе ја врати публиката во кино, како што салите постепено се отвораат.

„Дизни“ одлучи да го прикаже „Мулан“ на дигиталните платформи, а новиот филм за Џејмс Бонд ќе игра во кината од ноември.