ТОМ КРУЗ ДОАЃА ВО КАН ПО 30 ГОДИНИ ЗАРАДИ ПРЕМИЕРАТА НА „ТОП ГАН 2“

Кан, (АФП)

По цели две години одложувања поради пандемијата, продолжението на „Топ ган“ ќе ја има долгоочекуваната премиера на 75. Кански филмски фестивал, што ќе го доведе и Том Круз на француската ривиера. „Топ ган: Маверик“ ќе биде прикажан надвор од официјалната конкуренција на 18 мај, потврди директорот на фестивалот Тјери Фремо.

Продолжението на хитот од 1986 оригинално требаше да излезе во кината во јуни 2020, но потоа уследија неколку поместувања. Покрај Круз, и Вал Килмер ќе ја повтори улогата на Ајсмен.

Ова ќе биде прво доаѓање на Круз во Кан по цели три децении, односно од прикажувањето на „Far And Away“ во 1992.