ВИЛ СМИТ И МАРТИН ЛОРЕНС ЌЕ СНИМААТ ТРЕТ ДЕЛ ОД „ЛОШИ МОМЦИ“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Актерите Вил Смит и Мартин Лоренс најавија дека ќе се снима трет дел од филмот „Лоши момци“.

Смит ја објави веста преку видео на Инстаграм, каде има 24,4 милиони следбеници.

„Официјално е, ќе се снима ‘Лоши момци 3’“, вели Смит во видеото, а на сличен начин веста ја потврди и Лоренс.

Третото продолжение на филмската франшиза ќе го режира белискиот тим Адил Ел Арби и Билал Фалах, а снимањето ќе почне на средината на јануари.

Првиот филм од 1995 година заработи над 141 милион долари низ светот, а вториот дел од 2003 година, и покрај генерално лошите критики, заработи повеќе од 273 милиони.