„ВОНДЕР ВУМАН 1984“ ИЗЛЕГУВА НА БОЖИЌ НА „ЕЈЧ-БИ-О МАКС“

Лос Анџелес, (Скај)

По неколку одложувања, премиерата на „Вондер Вуман 1984“ е закажана на Божиќ, 25 декември, на стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“, а ќе игра и во кината во САД, потврди „Ворнер брос“.

Сѐ уште не е познато кога блокбастерот со Гал Гадот ќе дојде во кината во Европа, иако продукцијата претходно кажа дека меѓународната дистрибуција ќе почне на 16 декември.

Хибридниот начин на објавувањето на филмот доаѓа во критично време за кината, со оглед на тоа што голем дел и натаму се затворени поради пандемијата на ковид-19.

Пети Џенкинс се врати како режисерка и ги заинтригира фановите со насловот дека приказната ќе направи временски скок во 1980-ите. „Вондер Вуман“ беше голем хит за „Ворнер брос“ и „Ди-Си комикс“ во 2017 година, заработувајќи над 800 милиони долари низ светот.