ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ЕТНОГРАФСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ОД ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 26 јули, во Битола ќе се одржува второто издание на Интернационалниот филмски фестивал „Илинденски денови“, кој се фокусира на етнографски теми и авторски пристапи во истражувањето на традиционалниот, но и современиот начин на живот на човечките заедници. Оваа година, во програмата ќе бидат 21 филм од целиот свет, кои ќе се прикажуваат во малата сала на Центарот на култура.

Фестивалот ќе има завиден опфат на теми од културната и социјалната антропологија од сите континенти. Преку овие филмови нудиме средби со заедниците од сите страни на планетата на кои им е заедничко споделувањето и зачувувањето на нивните обичаи и култура: Индонезија, Мадагаскар, Мароко, Непал, Бразил, Мексико, Сенегал, САД, Шпанија, Бугарија, Србија, Португалија“, се вели во најавата на фестивалот.

Ќе можат да се погледнат и два филма од Столе Попов, „Австралија, Австралија“ и „Дае“, кој беше номиниран за Оскар, како и македонскиот етнографски филм „Лазаренки“.