Актерката Гал Гадот се појави со целата фамилија на откривањето на нејзината ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Ѕвездата на „Вондер Вуман“ на свеченоста дојде со сопругот Џерон Версано и ќерките Алма (13), Маја (8), Даниела (3) и Ори (1 година). Триесет и деветгодишната Израелка ја доби 2.804-та ѕвезда на Булеварот на славните.
Гадот ја глуми злобната кралица во новиот филм за Снежана и седумте џуџиња, кој на 21 март почнува да игра во кината во светот.
Десетици пропалестински демонстранти се собраа пред почетокот на церемонијата, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Хероите се борат како Палестинци“ и „Да живее Палестина“.