Ѕвездата на „Вондер Вуман“, Гал Гадот, објави дека е бремена со трето дете. Триесет и петгодишната актерка ја потврди веста на Твитер со семејна фотографија со сопругот Јарон Варсано и ќерките Маја (3) и Алма (9).
Претходната вечер, Гадот се појави на 78. Златни глобуси во Беверли Хилс и ја додели наградата за најдобар странски филм.
Израелската глумица беше бремена по вторпат кога ги преснимуваше сцените за првиот филм „Вондер Вуман“ во 2018.
„Знам дека звучи лигаво, но се чувствував како Вондер Вуман кога се пораѓав. Чувството е како да си божица“, рече Гадот лани во интервју.