ГРЕТА ТУНБЕРГ ЌЕ ЈА ДОНИРА ОСВОЕНАТА НАГРАДА ОД МИЛИОН ЕВРА

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Грета Тунберг кажа дека ќе донира еден милион евра што ги доби како годинашниот освојувач на наградата Гулбенкијан, што ја доделува истоимената португалска фондација. Седумнаесетгодишната шведска активистка ќе ги подари парите на хуманитарни проекти кои се борат против климатската и еколошката криза.

„Екстремно сум почестена што ја освојувам оваа награда за човечност. Тоа е повеќе пари отколку што можам да замислам, но сите ќе ги донирам преку мојата фондација и тоа на организации и проекти кои им помагаат на луѓето погодени од климатската и еколошката криза“, кажа Тунберг преку видеопорака.

Магазинот „Тајм“ лани ја прогласи Тунберг за Личност на годината и беше номинирана за Нобелова награда за мир, откако нејзиното климатско движење ги мобилизираше младите и се рашири низ цел свет.