Поп ѕвездата Гвен Стефани се венчаше со кантри пејачот Блејк Шелтон по четиригодишна врска.
Стефани, која се прослави во 1990-ите како пејачка на групата „Ноу даут“, на Инстаграм објави фотографии од венчавката во Оклахома. Таа носела венчаница од креаторката Вера Ванг.
Тие се запознаа кога станаа судии во музичкото шоу „Гласот“ пред неколку години, а се свршија лани. Во 2015, Шелтон се разведе од Миранда Ламберт, а Стефани од музичарот Гевин Росдејл и по две години ја почнаа врската. Двајцата веќе снимија и неколку дуети.